Окслејд – Чемберлен: Публиката не носеше, летавме по теренот

Ливерпул го шокира Манчестер сити на „Енфилд роуд“ со триумф од 3-0, правејќи голем чекор напред кон пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Јирген Клоп одигра фуриозно во првите триесетина минути, кога постигна три гола. А најубав беше погодокот на Алекс Окслејд – Чемберлен, кој распали од 25 метри во 20.минута.

„Публиката беше фантастична, создаде неверојатна атмосфера. Затоа летавме на терено уште од самиот старт. Имавме почеток од соништата, а потоа знаевме како да го сочуваме резултатот и да не примиме гол. Ова е убава предност за нас, но не се залетуваме, има уште 90 минути кои ќе ги играме на гости“, изјави Алекс Окслејд – Чемберлен.

Се вчитува...