Олајџувон: Џордан е далеку подобар од Леброн Џејмс

Двократниот НБА шампион и член на „Куќата на славните“, Хаким Олајџувон се придружи на дебатата околу тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња. Поранешниот центар на Хјустон Рокетс вели дека Леброн Џејмс не ни може да се спореди со Мајкл Џордан.

„Мислам дека е неправедно да се споредуваат Леброн и Џордан. Мајкл беше многу подобар, играше во тешка лига и беше многу креативен. Не сакам да ги омаловажувам успесите на Леброн, тој е неверојатен кошаркар, но никако не може да се спореди со Џордан. Мајкл беше далеку подобар кошаркар“, изјави Олајџувон. 

Леброн Џејмс неодамна со ЛА Лејкерс ја освои четвртата титула во кариерата, додека Мајкл Џордан со Чикаго Булс стигна до бројката од шест.

Се вчитува...