Олимпијакос го повлече бројот 7 во чест на Спанулис

Грчкиот кошаркарски тим Олимпијакос на свечена церемонија посветена на легендарниот Васисилис Спанулис, одлучи да биде повлечен бројот 7 во негова чест.

Спанулис со своето семејство ја следеше оваа церемонија, откако неговиот дрес беше подигнат. Екс кошаркарот оваа вечер ја окарактеризира како најдобрата во неговата кариера.

-Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер. Ова е најважниот ден во мојата кариера, покрај шампионските титули, им се обрати тој на навивачите на крајот од церемонијата.

На церемонијата во „Мир и пријателство“ присуствуваше и првиот човек на македонската федерација Перо Антиќ, како и други поранешни и сегашни кошаркарски ѕвезди: Саша Везенков, Дејан Бодирога, Никос Зисис, Ник Калатес, Софокле Шорцијанитис, Димитрис Итудис и Јанис Сферопулос. Поранешните соиграчи и ривали, како и љубителите на неговата кариера и достигнувања, како што се НБА ѕвездите Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, до Спанулис испратија видео пораки.

Спанулис најголем дел од кариерата го мина токму во Олимпијакос. Тој во моментов е во улога на тренер на Перистери.

Се вчитува...