Олимпијакос „воскресна“ и му „украде“ бод на Тотенхем

Тотенхем прокоцка одлична предност од два гола и на крајот мораше да се задоволи со само еден бод на гостувањето против Олимпијакос (2-2).

Кога „спарси“ за триесетина минути игра преку Кејн и Моура поведоа со 0-2 се чинеше дека тоа ќе биде само рутинска победа за тимот на Маурицио Покетино. Сепак, Олимпијакос „воскресна“ со голот на Поденс пред самиот крај на првото полувреме, за грчкиот гигант потоа да стигне до реми благодарение на пеналот што го реализираше Валбуена. „Спарси“ имаа повеќе од играта во обидот да стигнат до цел плен, но не успеаја да постигнат и трет погодок.

Во вториот натпревар кој денеска стартуваше во 18.55 часот Бриж и Галатасарај ремизираа играјќи 0-0.

Се вчитува...