Олимпик Лион не победи ни против Ним

Олимпик Лион ремизираше без голови против Ним во премиерниот натпревар од четвртото коло од француската Лига 1. Лион иако беше фаворит повторно не успеа да дојде до трите бода. Иако имаа неверојатен посед на топка од 73 отсто, избраниците на Руди Гарсија не успеаја да ја затресат мрежата на голманот на гостите. За издвојување е 50. минута од натпреварот во која по ВАР беше поништен голот на Муса Дембеле бидејќи претходно топката излезе надвор од теренот.

Со овој бод Лион останува на 10. позиција на првенствената табела со само пет освоени бода во четири натпревари, додека Ним две места подоле со бод помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...