Олимпик Марсеј конечно победи (ВИДЕО)

По серијата од четири порази во Лига 1, фудбалерите на Олимпик Марсеј вечерва успеаја да слават.

Тимот од Марсеј со 2:0 славеше на гостувањето кај Троа и избега од опасната зона на испаѓање.

Резултатот го отвори Амин Харит во 50-та минута по асистенцијата на Емерсон. Голот може да го видите ТУКА.

Во судиското продолжение, победата ја потврди Абдели со удар од белата точка. Голот може да се види на овој ЛИНК.

Со триумфот, Олимпик Марсеј скокна на 13-та позиција со шест освоени бодови, два повеќе од Троа која се наоѓа во зоната на испаѓање.

Се вчитува...