Олимпик Марсеј „прокоцка“ победа против Амиен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј прокоцкаа  победа во францускиот шампионат, откако во премиерниот дуел од 28. коло на домашен терен одиграа 2-2 против Амеин. Домаќините одлично го почнаа мечот. Отпорот на противникот го урнаа дури во судиското надополнување во првото полувреме кога Сансон погоди за 1-0. Дмитри Паје во 57. минута ја удвои предноста на сините од Марсеј. Кога се чинеше дека избраниците на Вилјаш Боаш ќе стигнат до нови три бода, гостите преку Гираси од пенал во 83. минута и Годос во 96. минута успеаја да стигнат до злато вреден бод во борбата за опстанок.

И покрај ремито Марсеј е во добра ситуација за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи пред третопласираниот  Рен имаат 9 бода предност. На врвот се уште далеку е Пари Сен Жермен кој на Олимпик Марсеј му бега 12 бода. Амиен останува 19. со 23 бода, четири помалку од 18. пласираниот Ним кој се наоѓа на позицијата која води во баражот за опстанок.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...