Оливие Жиру ќе заигра и за трет клуб од Лондон?

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру во јануари може да ја продолжи кариерата во Вест Хем, пренесуваат англиските медиуми. Вест Хем по одличниот старт на сезоната бележи благ пад во формата, а се уште се чека враќањето на Мајкл Антонио кој постигна три гола на седум одиграни натпревари оваа сезона.

Дејвид Мојс ќе се обиде да го засили нападот со искусен играч кој ќе донесе стабилност покрај Халер и Антонио, а планот на Вест Хем се состои од продажба на Украинецот Андриј Јармоленко, кој оваа сезона настапи на само шест дуели.

Тимот од источниот дел на Лондон е перфектна дестинација за 34-годишниот Французин кој бара поголема минутажа во пресрет на Европското првенство. Жиру во неколку наврати беше на излезна врата од „Стемфорд Бриџ“, но по одличната партија против Севилја во ЛШ повторно се врати во почетните единаесеттмина. Сепак, јасно е дека Франк Лампард повеќе им верува на младите играчи од својот табор.

Договорот на францускиот интернационалец во Челси завршува во јуни, а доколу „сините“ сакаат да заработат од неговото заминување ќе мораат да го продадат играчот веќе во јануарскиот трансфер период.

Се вчитува...