Оливие Жиру во средата наполни 40 години и истовремено објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната.
Легендарниот Французин се врати во татковината минатата сезона и обезбеди пласман во Лигата на шампионите со Лил. Тој одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола. Од почетокот на оваа сезона, неговата минутажа е намалена, досега има одиграно шест натпревари во сите натпреварувања и свесен е дека неговото време „истекува“.
Во тој контекст, на својот 40-ти роденден, тој за „Л’Екип“ го најави крајот на кариерата:
„Можеме да направиме интервју и следната година, но мислам дека ова е мојата последна играчка сезона. Затоа уживам во секој момент“, изјави Жиру.
Жиру има договор со Лил до 30 јуни 2027 година, а кога тој договор ќе истече, тоа ќе го означи и официјалниот крај. Жиру ја започна кариерата во Гренобл пред 20 години. Пред да се врати во Франција, настапуваше за Монпелје, Арсенал, Челси, Милан и Лос Анџелес ФЦ. Освои титули со Монпелје и Милан. Исто така, освои четири ФА купа, Лигата на Европа и Лигата на шампионите.
Се повлече од француската репрезентација во 2024 година, по одиграни 137 натпревари и постигнати 57 гола. Со „триколорите“ стана светски шампион во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
