Олмо ја „откачи“ Барселона и останува во Лајпциг

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо донесе одлука околу својата иднина. И покрај тоа што Барселона жестоко притиска да го ангажира во своите редови, сепак, играчот од средниот ред одлучил да остане и натаму во Лајпциг, барем уште една сезона.

Иако оваа сезона повеќе не е, отколку што е на теренот поради повреди и коронавирус, сепак, Барселона го сакаѓе уште во јануарскиот преоден рок. Но, откако ги ангажираше Феран Торес, Обамејанг, Траоре, остана да се обидат во лето.

Меѓутоа Олмо за Билд истакна дека нема намера да го напушти тимот.

„Не се брзам. Среќен сум туак и имам договор до 2024 година. Не гледам причина да си заминам. Имав тешки месеци, и сега аскам да се вратам во старата форма. Сконцентриран сум на тоа“, рече Олмо за „Билд“.

Се вчитува...