Омаловажување и психичка тортура – Шпанците објавија како Куман ги мачел фудбалерите на Барса

Голем дел од фудбалерите на Барселона имаат проблем со самодовербата која е нарушена уште додека Роналд Куман беше на чело на клубот бидејќи знаел да ги понижува и навредува.

Еден од нив е Сержињо Дест кој бил еден од тие кои што најмногу го почувствувале гневот на Холанѓанецот. Наводно Куман пред сите фудбалери често го критикувал Американецот за секоја грешка и го омаловажувал, нешто што на Дест му паднало многу тешко.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека тоа и тоа како се одразило на психата на младиот бек и дека ќе му биде многу време потребно за да може да се врати во форма. Откако пристигна Чави на „Камп ноу“ тој го изгуби местото во стартниот тим, па голема е шансата на лето да ја бара среќата на некое друго место.

Се вчитува...