Омар Имери потпишува за Анталијаспор

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Омар Имери кариерата ја продолжува во турскиот суперлигаш Анталијаспор. Наспроти информациите од турските медиуми за негова преселба од Шкендија во редовите на Фенербахче, сепак Анталијаспор е клубот каде 20-годишниот крилен офанзивец треба ја продолжи својата кариера.

Според последните информации, Анталијаспор веќе се договорила за трансферот на Имери со Шкендија, која ќе добие 150.000 евра и 10% од следниот трансфер на младиот фудбалер. Наредниве денови, согласно најавите, се очекува и официјална промоција на Имери во новиот клуб.

Омар Имери, кој потекнува од фудбалската школа на Шкупи, претходно во својата кариера има настапувано и за Работнички.

Се вчитува...