Омер Ашик боледува од Кронова болест

Турскиот репрезентативец и играч на Њу Орлеанс пеликанс, Омер Ашик, е дијагностициран со Кронова болест, ретко воспаление на дигестивниот тракт.

Засега не е познато колку време ќе отсуствува од терените, но нема да ја загрози неговата кариера иако болеста е од хроничен карактер, бидејќи се лечи со адекватен третман, кој Ашик веќе го започна во клиника во Минесота.

Кошаркарот на ЛА лејкерс, Лери Ненс Џуниор успешно се излечи токму од оваа болест кога имал 16 години.

Се вчитува...