Омразата меѓу Звезда и Партизан е толку голема што се тепаат дури и во други клубови (ВИДЕО)

Едно од најголемите ривалства во светот, а веројатно најголемо на балканот е тоа меѓу српските Звезда и Партизан. Колкава е омразата меѓу овие два клуба и фудбалерите кои некогаш настапувале во нив покажува последниот инцидент кој се случи на мечот меѓу Металац и Радник во првата српска лига.

Во второто полувреме од натпреварот кој заврши нерешено 1-1, дојде до тензија која за малку недостигаше да прерасне во голема тепачка. Се почна кога еден од резервистите на Металац го бутна ривалот при изведување на аут, а тогаш се направи метеж по кој мораше да интервенира обезбедувањето.

Во еден момент дојде до судир и меѓу тренерите Славолјуб Ѓорѓевиќ и Жарко Лазетиќ. Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена Звезда го нападна Лазетиќ кој порано беше дел од Партизан.

 

Се вчитува...