Нереално е да се очекува дека има иднина за голманот Андре Онана во Манчестер Јунајтед. Голманот кој мина како позајмен во Трабзонспор, нема намера да оди во друг клуб, туку сака да се врати на „Олд Трафорд“.
Иако е јасно дека за него нема место во тимот, со оглед дека Сене Ламенс во моментов е првиот избор за „Црвените ѓаволи“, сепак, Камерунецот не сака да чуе да оди во друг клуб.
Онана беше цел на напади од страна на фановите и на експертите, по катастрофалните партии во Манчестер и многуте „киксови“.
Јунајтед ќе започна со подготовките кон средината на Јули, а Онана ќе биде достапен со оглед дека Камерун нема да игра на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Одлуката ќе ја има тренерот Мајкл Керик кој ќе одлучи дали ќе смета на голманот, или ќе биде продаден. Се шпекулира и за можно враќање во Интер, со оглед дека италијанскиот првак веќе бара замена за Јан Зомер кој е пред заминување од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
