Оперирана Андреа Лекиќ, дали е ова крај на кариерата

Андреа Лекиќ се соочува со сериозна опасност да не може да се врати на ракометните терени откако беше потврдено дека последната повреда заработена на вчерашниот дуел со Холандија е крајно сериозна – кинење на тетивата.

Деталните прегледи само ги потврдија црните прогнози, утврдено е дека се скинати пет сантиметри од горниот дел од тетивата, по што врз Лекиќ рано утрово беше извршен хируршки зафат.

„Сакаме да ја известиме јавноста за повредата на Андреа Лекиќ. Нашата репрезентативка беше успешно оперирана на клиниката на славниот доктор Уве Јоргенсен во Данска. В понеделник ја очекува враќање назад во Белград во придружба на физиотерапевтот на нашата репрезентација“, се вели во соопштението на Ракометната Федерација на Србија.

Паузата при ваков вид на повреди изнесува меѓу шест и дванаесет месеци, па ако се знае дека Лекиќ веќе има 33 години, големи се стравувањата дека таа ќе биде принудена да ја прекине фантастичната кариера.

Се вчитува...