Опсесивните ритуали на Рафa Надал: Гаќите од задник, шишињата за вода, столчето…

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал кој повеќе од деценија се одржува во врвот на белиот спорт, покрај со квалитетот, внимание привлекува и поради специфичноста на серијата ритуали кои ги практикува во текот на мечевите.

Однесувањето на Рафа меѓу поените константно ги иритира и неговите противници, но и љубителите на тенисот ширум светот. Покрај специфичните движење во текот на мечот, Рафа има и бројни правила кои ги практикува уште во влегувањето на теренот. Секако, највечатливо е извлекувањето на гаќите од задникот, пред секој негов сервис. Статистичарите успеаја дека досегашен негов рекорд е тоа да го направи 172 пати во текот на еден меч. Но, тоа не е се…

На пример, Надал секогаш на теренот стапува со десната нога, а рекетот го држи во левата рака. Столчињата и крпите секогаш мора да бидат во права линија. Во паузите меѓу поените, кога седнува на столчето, Рафа користената  крпа секогаш ја става на десната страна и ги чисти нозете над колената.

Шишенцата секогаш мора да бидат дијагонално поставени во однос на теренот. Тој поставува две шишиња перфектно дијагонално со теренот, го зема првото шише, пие вода и го враќа на идентична позиција. Потоа го зема второто, пие и од него и го враќа точно на местото на кое што се познава трагата каде што било поставено.

Се вчитува...