Орландо ја прекина серијата на Бостон, само Милвоки ја одбрани гостинската чест

На свој терен Орландо го надигра и го порази лидерот Бостон со 113-98, иако гостите важе за фаворити и се очекуваше дека ќе ја продолжат серијата од девет победи по ред. Но, домаќините веќе во првата четвртина направија 14 поени предност, но Бостон се врати во игра благодарение на Тејтум и на Браун.

Тејтум мораше да излезе во третата чевтртина откако се пожали на повреда, по што Орландо повторно го презеде водството и не го испушти до крајот на мечот.

Браун и Тејтум уфрлија 26 поени, но тоа не беше доволно поради одличната тимска игра на „магичните“.

Милвоки предводен од одличниот Адетокунбо ја одбрани честа на гостите. Тоа беше единствен тим кој триумфираше како гостин во синоќешните натпревари. Тие го освладаа Детроит со 130-150. Клучна беше првата четвртина во која „Бакси“ направија предност од дури 25 разлика (24-49), а потоа тоа водство го држеше до крај, и покрај тоа што во вториот дел следуваше опуштање на Милвоки. Бојан Богдановиќ беше најефикасен со 33 поени кај Детроит, но недоволно да се дојде до победа. Адетокунбо со 29 коша и 12 скока го предводеше својот тим до триумф.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Милвоки 130:150
Орландо – Бостон 113:98
Чикаго – Атланта 111:100
Хјустон – Минесота 119:114
Јута – Шарлот 120:102
Портланд – Сан Антонио 147:127
Сакраменто – Мемфис 133:100

Се вчитува...