Осака е трудна, затоа не игра на Австралија Опен

Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека е бремена. Некогашната првопласирана на ВТА листата, пред неколку дена објави дека нема да учествува на Австралија Опен, но без да соопшти детали.

Осака во моментов е 47. тенисерка на листата, а пред извесно време објави дека има проблеми со формата поради тоа што тенисот и преставувал голем ментален товар.

„Минатите неколку години беше интересно, но најпредизвикувачките времиња се најинтересни. Овие неколку месеци надвор од спортот ми даде нова љубов кон играта на која го посветив животот. Знам дека имам за што да се радувам во иднина, а една од тие работи е тоа што моето дете ќе може да ме гледа и да ги прераскажува некои од моите мечеви. Оваа 2023 година ќе биде лекција за мене, и се надевам ќе се видиме на почетокот на 2024 година во Австралија“, напиша Осака.

Се вчитува...