Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен е бесен „како рис“ на својот клуб откако на официјалниот „Тик-Ток“ профил на Наполи беше неочекувано исмејуван.
Осимен не можел да разбере како е можно да биде исмејуван од сопствениот клуб. Итно разговарал со менаџерот за социјални мрежи во клубот од кого добил и извинување, по што беше отстранет спорниот видео-материјал.
Сепак, Осимен во меѓувреме го отследи Наполи од Инстаграм и ги избриша сите свои фотографии во дрес на шампионот на Италија.
Но, иако се шпекулираше дека тој побарал одмор и не сакал да игра до крајот на неделата, сепак нема никаква вистина во сето тоа. Подготвен е да игра вечерва на дуелот против Удинезе од 20:45 часот и веќе е најавен во стартната постава.
#Osimhen giocherà titolare contro l’Udinese: rientra il caso social https://t.co/Ozw5m2oqPV
— Il Mattino (@mattinodinapoli) September 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА