Осимен не ја отфрла можноста да замине од Наполи

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен кој игра во голема форма, не негира дека може да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Изјави дека во моментов е целосно фокусиран на настапите на Наполи, и шампионската титула во Итлаија.

Нигерискиот голгетер има 18 погодоци од почетокот на сезоната, а Наполи има предност од 15 бода на табелата пред Интер на 15 кола до крајот на сезоната. Во големите првенства единствено Халанд има повеќе голови од Осимен.

„Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната, но јас не одлучувам, туку клубот. Во моментов сум целосно фокусиран на Наполи“, изјави Осимен.

Манчестер Јунајтед и Челси ја следат ситуацијата со 24 годишниот фудбалер на Наполи.

Се вчитува...