Оскарот во рацете на Џиџи Буфон – фудбалер на годината во „Серија А“

Џанлуиџи Буфон е добитник на главната награда на гала-вечерта на италијанскиот фудбал, доделувањето на популарните „фудбалски оскари“ на Апенинскиот полуостров.

Искусниот голман имаше уште една фантастична сезона, предводејќи го Јувентус до нова двојна круна, па пред самиот крај на кариерата Буфон се закити со уште еден „оскар“ во своите раце. Воедно, тој беше избран и во идеалниот тим на Серија А, заедно со Дани Алвеш, Бонучи, Кулибали, Алекс Сандро, Пјаниќ, Наинголан, Хамшик, Мертенс, Дибала и Игуаин.

Маурицио Сари беше избран за најдобар тренер минатата сезона, а во негово отсуство наградата ја прими претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Се вчитува...