Османи: Докажавме дека можеме да се заканиме и на големиот Милан

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи истакна дека е задоволен од прикажаното на неговите избраници на реванш дуелот од квалификациите за Лигата на Европа против италијанскиот гигант Милан.

Османи жали што и на овој меч Шкендија не успеа да постигне гол, но потенцира дека тетовци можат да се надигруваат и со големиот Милан.

„Мислам дека Шкендија и покрај поразот прикажа задоволителна игра. Направивме неколку добри шанси, но за жал, не успеавме да реализираме. За примениот гол сметам дека одбранбените играчи загубија концентрација. Од играта сум секако задоволен, особено во второто полувреме бидејќи игравме многу похрабро, покажавме дека можеме да се заканиме и на големиот Милан. На верашната пресконференија кажав дека Шкендија не ја прикажа карактеристичната игра, мило ми е што фудбалот беше убав за око“, истакна Османи.

Се вчитува...