Османи: Финците се подобри од Дачија, но Шкендија може да ги мине

Одличната игра и двете убедливи победи над Дачија ја кренаа атмосферата во тимот на Шкендија, па тетовци со нетрпение го очекуваат првиот дуел со Хелсинки, во кој во Струмица ќе го пречекаат екс-шампионот на Финска. Иако се свесни ривалот е многу посериозен во однос на Дачија, „црвено-црните“ се полни со самодоверба дека ќе успеат да земат уште еден скалп, како оние ланските на Јагиелонија и Млада Болеслав.

Знаев дека ќе играме добро против Дачија, морам да сум презадоволен од тие две средби. Сега пред нас е Хелсинки, тим што со квалитетот е подобар од молдавскиот состав, но искрено верувам дека можеме да ги минеме Финците. Имаме и квалитет и искуство, ќе работиме напорно во следните денови до натпреварот и очекувам да играме уште подобро отколку против Дачија“ – изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Се вчитува...