Ќатип Османи повеќе од успешно стартуваше на првиот свој официјален натпревар по враќањето на чело на клупата на Шкендија. На најдобар можен начин, со убедлива победа од 3-0 против молдавска Дачија, Османи ја почна својата европска одисеја со „црвено-црните“.
Шефот на стручниот штаб на Шкендија сосема очекувано не може а да не биде задоволен од изданието на своите избраници и резултатот на првиот натпревар против Молдавците, но повикува на присебност затоа што има уште 90 минути да се играат од оваа пресметка.
„Ја постигнавме нашата цел, забележувајќи навистина убава победа на првиот натпревар во Лигата на Европа. Одигравме како што посакувавме, брзо постигнавме голови и потоа секако задачата беше полесна. Можевме да запишеме и поубедлив триумф но секако мора да бидеме задоволни. Сепак, сакам да потенцирам дека не смее да има опуштање. Работата не е завршена, а има уште 90 минути да се игра. Дачија сигурно нема да биде ист на домашен терен за седум дена, и затоа мора да бидеме до крај максимално концентрирани како би стигнале до целта – пласман во второто квалификациско коло“ – рече Османи по денешниот натпревар во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА