Османи: Шкендија покажа дека има победнички дух на дуелот со Работнички

Шкендија успеа да го добие дербито против Работнички со 2-1 и прокнижи нови три бода на табелата, зацврстувајќи се на првата позиција. Победничкиот гол го постигна Ферхан Хасани од пенал, а Шкендија направи целосен пресврт, откако „романтичарите“ први поведоа на вчерашниот натпревар во Тетово.

Тренерот Ќатип Османи е задоволен што неговиот тим покажал победнички дух.

„Мислам дека клучниот момент е што Шкендија покажа победнички дух и до крајот верувавме во триумфот. Успеавме да победиме благодарејќи на нашиот карактер, иако Работнички се покажа како квалитетен ривал. Во првото полувреме не одигравме најдобро, но потоа го притиснавме противникот и создадовме неколку изгледни шанси за погодок. Најважно е што успеавме да ги освоиме трите бода“, вели Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

Се вчитува...