Османи: Среќни сме со победата, но ништо не е готово!

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи е задоволен од победата на неговиот тим од 3-1 против Хелсинки во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа. Но, како што нагласува Османи овој резултат не значи апсолутно ништо. Се ќе биде одлучено, сепак, на реваншот во Финска…

„Секако среќни сме со победата, иако останува разочарувањето што дозволивме да примиме еден наивен погодок. Ако се погледнат бројните шанси заслужувме и поубедлива победа. Мора да им честитам на фудбалерите за начинот на кој го одиграа овој натпревар, за жекбата, мотивот и карактерот кој го покажаа и по она непосакувано водство на гостите. Но, мора да бидеме и претпазливи. Ништо не е готово. На реваншот ќе мора да одиграме и уште подобро за да дојдеме до посакуванат цел – пласман во следното коло“ – истакна Османи веднаш по триумфот на Шкендија над Хелсинки.

Се вчитува...