Османи: Заслужен триумф против Силекс

Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкендија оствари уште еден триумф, славејќи на гости против Силекс во Кратово со 0-2. Тренерот Ќатип Османи истакна дека е задоволен од освоените три бода, но и од изданието на својот тим.

„Мислам дека заслуживме да победиме на мечот со Силекс. Бевме подобар противник, создадовме неколку одлични шанси, од кои две и успеавме да ги претвориме во голови за триумф. Ова треба да биде моделот на нашата игра и на идните натпревари, многу трчање, борба, и агресивен пристап на секој дел од теренот. Имаше се разбира и одредени грешки кои ќе се обидеме да ги отстраниме за наредните натпревари“, изјави Ќатип Османи.

Шкендија по 15 одиграни кола се наоѓа на првото место на табелата со 37 освоени бода, дури 11 повеќе од лидерот Вардар, кој има одиграно два меча помалку.

Се вчитува...