Осогово доби конкуренција – Бока јуниорс со понуда за Мурињо

Откако доби отказ во Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо добива разни понуди. Со понуда за „специјалниот“ деновиве се јави дури и македонскиот третолигаш Осогово. Но, кочанци имаат сега веќе сериозна конкуренција околу обидите за „ангажман“ на Португалецот.

Една од понудите за Жозе Мурињо стигнала од Аргентина. Португалецот наводно го контактирал Николас Бурдисо кој своевременио настапуваше за Интер кога Мурињо беше тренер, а денес работи како спортски директор во Бока јуниорс. Бурдисо неодамна дојде во славниот клуб, а сега сака да го донесе и Мурињо на клупата.

Сепак, тој трансфер тешко дека ќе се реализира бидејќи Мурињо решил да се одмори малку од фудбалот до крајот на сезоната, а дури потоа ќе бара нов ангажман.

Се вчитува...