Осогово подобар од Детонит, следи тест со Сремска Митровица од Србија

Во рамките на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток, фудбалерите на Осогово славеа на пријателскиот натпревар против Детонит јуниор.

Кочанци триумфираа со 2-1 со погодоците на Лика и Дојчинов, а единствениот гол за Детонит го постигна Ефремовски.

Осогово, како дел од подготовките за продолжението на шампионатот, ќе одигра во Дојран и пријателски натпревар со тимот на Сремска Митровица од Србија.

Се вчитува...