Останете дома и вежбајте: Одбојкарите на Вардар ќе ви покажат како (ВИДЕО)

Во периодов во кој постојано треба да бидеме дома за да се заштитиме себе си и околината од коронавирусот актуелни се видеата за домашно одржување на добрата форма, но и на духот. Меѓу оние кои решија да помогнат со идеи за вежбање се и одбојкарите на лидерот во домашниот шампионат, Вардар. Клубот објави видео со вежби прилагодени за домашни услови.

Македонскиот одбојкарски шампионат како и сите останати првенства е во прекин. Неизвесно е кога евентуално би продолжило првенството. Вардар е водечки на табелата со 33 бода, три повеќе од бранителот на титулата Џио Струмица.

Се вчитува...