Останува ли Тодоров на чело на репрезентацијата – федерацијата се уште е во дилема

Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на Евробаскет 2022, со што и официјално истече договорот што КФСМ го имаше со актуелниот селектор Александар Тодоров. Во истиот имаше клаузула за автоматско продолжување на соработката доколку биде обезбедно учество на европскиот шампионат, но откако тоа не се случи кошаркарите моментно се без кормилар.

Од „куќата на кошарката“ најавуваат дека нема да брзаат со одлуката на оваа тема, бидејќи сакаат да биде избрано најдоброто можно решение.

„Не ја отфрламе можноста за сегашниот селектор да остане, ниту пак да биде ангажиран нов стратег. Се вративме разочарани од Русија, но не сакаме брзоплето да ги донесеме одлуките на оваа тема. Ќе биде направена детална анализа, по што ќе донесеме одлука“, информираат од КФСМ.

Следниот предизвик за македонската репрезентација е настапот на претквалификациите за СП 2024, дуели што на програмата се во август 2021 година.

Се вчитува...