Пеп го носи „голгетерот од соништата“ – Кејн доаѓа во Манчестер Сити?!

Праксата на Манчестер Сити во последните неколку години е да не се трошaт огромни суми за трансфери во текот на зимскиот трансфер рок, со цел фокусот да се стави помеѓу двете сезони. Во последните неколку години Гвардиола во Манчестер носеше играчи за врска и засилувања во одбраната, оваа година шпанскиот стратег оди на се или ништо во офанзивата, а последно име што се поврзува со доаѓање во таборот на „граѓаните“ е капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.

На досегашниот тандем Агуеро – Жезус му дојде крајот. Аргентинецот со 32-години не може да одговори на пеколниот ритам со оглед на преголемиот број на повреди во кус период и се поизвесно е дека ќе го напушти „Етихад“, а Бразилецот не успеа да исполни очекувањата. Потребата на Сити за доведување на квалитетен центарфор постанува се поголема, во последниот месец се споменуваа Лукаку и Халанд, но се чини дека Гвардиола ќе оди на „сигурен“ играч со проверен премиерлигашки квалитет и врвна класа, како приоритет наведувајќи го ангажмнот на Кејн.

Најдобриот англиски напаѓач во последните години, одамна е на радарот на Гвардиола, но во „ерата“ на Покетино шансата 27-годишникот да ги замени клупските бои беше сведена на нула. Сега кога „спарси“ играат затворен фудбал под водство на Мурињо, работите се променети.

Медиумите на „Островот“ се уверени дека лош пласман на Тотехен на крајот на сезоната и евентуално неиграње во Лигата на Шампионите ќе ја „прелие чашата“ во трпението на Кејн, со обиз на тоа што оваа година Англичанецот полни 28 години и нема да сака зенитот на кариера да му помине без освоен клупски трофеј.

Тотенхем ќе бара над 100 милиони фунти за својот најдобар фудбалер, но парите никогаш не претставувале проблем за богатите газди на Манчестер сити.

Се вчитува...