Осуда за Путин или санкции поради војната во Украина, Медведев пред забрана за настап на Вимблдон

Рускиот тенисер Данил Медведев би можел да биде последниот спортист од Русија кој ќе се соочи со санкции поради војната која веќе 20 дена беснее во Украина. Медведев може да го прескокне најпрестижното тениско натпреварување, Вимблдон, поради војната помеѓу Русија и Украина.

Крис Смајт, новинар на „Тајмс“ пренесува дека рускиот тенисер ќе добие забрана за настап на третиот Грен слем турнир оваа сезона кој на програмата е закажан за крајот на јуни и почетокот на месец јули.

Министерот за спорт на Велика Британија, Најџел Хадлстоун бил во постојан контакт со организаторите на Вимблдон кои се уште не донеле конечна одлука околу статусот на Данил Медведев.

Јасно е дека од тенисерот ќе бидат побарани одредени гаранции со кои би се откажал од поддршката за Владимир Путин, а голема е веројатноста дека од него ќе биде побарано да не игра под руско знаме доколку сака да се натпреварува на неофицијалното тениско Светско првенство.

Минатата година Медведев го заврши настаот на Вимблдон во осминафиналето кога беше поразен од Хуберт Хуркач. Оваа година, Русинот стигна до финалето на Австралија Опен каде беше поразен од Рафаел Надал.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...