Осум минути за Несторовски во победата на Удинезе кај Сампдорија (ВИДЕО)

Удинезе стави крај на серијата од два порази во низа откако во 19. коло од италијанското првенство славеше на гостувањето кај Сампдорија со 0-1. Херојот на гостите беше Кингсли Ехизибу кој ја затресе мрежата во 88. минута.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски доби шанса на самиот крај на мечот кога во 90. минута го замени Делофеу, а одигра осум минути во судиското продолжение.

Со трите бода Удинезе се зацврсти на седмата позиција на табелата која носи квалификации за Конференциската лига следната сезона.

 

Се вчитува...