Освојувачката на Вимблдон негира дека е руски производ

Шампионката на Вимблдон, Елена Рибакина ги отфрли обвинувањата дека е руски производ. Таа иако настапува за Казахстан е родена во Москва.

Откако ја победи Онс Жабер во финалето на Вимблдон, претседателот на Руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев тврдеше дека Русија го освои Вимблдон.

„Не се сложувам со коментарите дека сум руски производ. Преминувањето од јуниорска во сениорска категорија е многу тежок. Потребен ви е добар тим кој јас го имам“, изјави Рибакина. 

Се вчитува...