Отказ за Словенецот што падна на допинг во Пјонгчанг

Словенечкиот хокеарски репрезентативец, Жига Јеглиќ, кој беше позитивен на допинг-тестот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, остана и без клуб.

Со Јеглиќ спогодбено се договоривме за раскин на договорот“ – објави директорот на Нефтхемика, Раил Јакупов.

Јеглиќ сезонава одигра 26 натпревари за рускиот клуб на кои постигна дав гола и забележа четири асистенции. Но, по инцидентот на ЗОИ, Словенецот остана и без клупскиот ангажман.

На Жига Јеглиќ во Пјонгчанг во урината му беше откриено присуство на фенотерол, по што тој беше исфрлен од Игрите. Фенотеролот се наоѓа во лекот беродуеал кој го употребуваат астматичарите за полесно дишење. Словенецот тврди дека лекот му бил препишан во Словачка минатата година, по совет на докторот, но тој во Пјонгчанг заборавил да го пријави како терапевтски исклучок и тој беше суспендиран од ЗОИ пред дуелот со Норвешка.

Истрагата за случајот се уште е во тек, но многу извесно е дека словенечкиот хокеар го очекува казна и подолгорочна суспензија.

Се вчитува...