Откажа и Милан Ристовски, дополнително повикани Мирчевски и Дориан Бабунски

После откажувањето на Александар Трајковски, за настап за селекцијата на Македонија и дефинитивно откажа и Милан Ристовски. Тој се повреди на вчерашниот меч за својот тим Спартак Трнава, па мораше предвреме да го напушти теренот.

Селекторот Благоја Милевски упати дополнителни повици до двајца фудбалери. Станува збор за Мартин Мирчевски од ТСЦ Бачка Топола и Дориан Бабунски од Дебрецен. За Мирчевски ова ќе биде дебитантски настап за националниот тим на Македонија.

Двајцата ќе се стават на располагање на националниот тим на собирот во понеделник.

Се вчитува...