Откажан натпреварот Еурофарм Пелистер – ППД Загреб, двете екипи ќе добијат по бод

Еурофарм Пелистер и ППД Загреб нема да го одиграат својот натпревар од шестото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата ниту во вториот закажан термин.

Комесарот за натпревари во СЕХА лигата, Марјан Начевски одлучи овој натпревар да биде регистриран со резултат 5-5 и двете екипи да добијат по еден бод. Натрупаниот распоред во шампионатите на Македонија и Хрватска е причината за ваквата одлука на менаџментот на лигата. Со оваа поделба на бодовите, извесно е дека ППД Загреб ќе го освои првото, а Еурофарм Пелистер второто место во групата.

Еурофарм Пелистер во август во четвртфиналето ќе се сретне со белорускиот првак Мешков Брест, а ППД Загреб го чека победникот од осминафиналето меѓу Вардар и Металопластика.

Се вчитува...