Откриена причината за солзите на Меси по првиот гол

Лионел Меси го одигра својот најдобар мундијалски натпревар постигнувајќи го својот прв хет-трик на светските шампионати, но ТВ-камерите го уловија големиот ас како плаче по првиот погодок на мечот со Алжир.

„Точно е, плачев… Искрено, нема врска со спортот. Зад мене се тешки и компликувани денови, но благодарен сум им на сите во националниот тим што ми помогнаа во овој тежок период“, прокоментира Меси веднаш по натпреварот.

Аргентинските медиуми попладнево објавија што всушност е причината за солзите на Лео – здравствената состојба на неговиот татко Хорхе Хорацио Меси.

Таткото на Лео е негова „десна рака“ низ целата кариера, човек што се грижи за преговорите за договори со клубовите, но и за голем дел од спонзорите. За жал, информациите од Аргентина говорат дека 68-годишниот Хорхе Хорадио веќе извесен период има сериозни здравствени проблеми.

„ Таткото на Меси со месеци не се чувствува добро. Здравствените проблеми не се наивни, а ситуацијата дополнително се искомпликува оваа седмица. Меси беше погоден од се што се случува, но најде сила да излезе на терен и да постигне три гола“, обелодени аргентинскиот новинар Едуардо Фајнман за „Радио Митре“.

Се вчитува...