Откриена тајната за светскиот рекорд на Болт (ВИДЕО)

За два дена стартува Светското првенство во атлетика во Лондон, а главното внимание секако ќе го привлече најбрзиот човек на светот, Усаин Болт, на кого ова ќе му биде последен голем настан во кариерата. Тој сака да се прости на најдобар можен начин, со потврда дека и понатаму е најбрзиот на планетата, а телевизискиот канал „Еуроспорт“ со детална анализа не потсети на неговото фантастично остварување од пред осум години, кога во Берлин го постави актуелниот светски рекорд на 100 метри, 9.58 секунди.

Анализата покажува дека Болт имал речиси совршена трка, почнувајќи од самиот старт и неговото излетување од блокот, преку забрзувањето и развивањето на најголемата брзина во средишницата на трката, па се до финишот и влетувањето во целта.

Се вчитува...