Откриени причините за убиството на претседателот на Црвена Звезда

Српското министерство за внатрешни работи ги соопшти деталите околу убиството на претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда и претседател на Автомото сојузот на Србија (АМСС), Мирко Бутулија.

Како што е познато, генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурѓев денеска со неколку куршуми од пиштол го ликвидираше Бутулија во неговата канцеларија во АМСС. А, причината е банална….

Според официјалните информации Ѓурѓев денеска околу 14 часот се нашол во жестока караница со еден од вработените во сојузот. Бутулија се замешал во одбрана на вработениот по што генералниот секретар почнал да пука со пиштол кон него испукувајќи шест куршуми во градите и главата на Бутулија. На крајот Ѓурѓев и се самоубил.

Претходно, откако слушнала пукотници во канцеларијата се упатила и секретарката на Бутулија. Но, кога го видела Ѓурѓев вооружан во паника скокнала од прозорецот на канцеларијата која се наоѓала на првиот кат од зградата, притоа здобивајќи се само со полесни повреди.

По пукотниците Ѓурѓев починал на лице место, а Бутулија и покрај тоа што со Брза помош бил пренесен во најблиската клиника во Белград набрзо им подлегнал на повредите.

Се вчитува...