Откриено зошто Медведев мораше да го избрише руското знаме

Првиот тенисер во светот, Данил Медведев повлече потег по кој доби големи критики и навреди од своите сонародници.

Тој го тргна руското знаме од социјалните мрежи, по што беше на голема мета на критики во Русија. Сепак, тој добил ултиматум и морал едноставно да го направи тоа.

Од АТП поради руската инвазија на Украина му забранија да се натпреварува под руското знаме, па морал да го направи тоа доколку сакал да настапува на турнирите. Истото го стори и Карен Хачанов неговиот сонародник, бидејќи добиле насоки дека доколку сакаат да бидат дел од турнирите и понатаму ќе мора да го направат тоа.

Се вчитува...