Откриено зошто Зидан итно го напушти кампот на „кралевите“: Почина неговиот брат

Братот на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан починал денеска. Тоа е причината зошто Зидан вчера итно го напушти тренинг-кампот во Монтреал за да стигне во Европа и ги мине заедно со својот брат последните часови од неговиот живот.

Фарид Зидан ја загубил денеска битката за живот по тешка болест.

Откако слушнаа за смрта на братот на нивниот тренер, фудбалерите на Реал Мадрид на денешниот тренинг во Монтреал имаа и минута молчење посветена на Фарид.

Засега се уште не е познато кога Зидан ќе се приклучи на својот тим. Додека е тој отсутен тренинзите ги води Давид Бетони. Исто така, и Лука Зидан, син на Зинедин, го замолил раководството на Расинг Сантандер да ги напушти неколку денови подготовките на тимот како би бил со своето семејство.

Се вчитува...