Отворено пријавувањето за Wizz Air Скопскиот маратон 2019

Организацијата на Wizz Air Скопскиот маратон го отвори пријавувањето за следното издание на манифестацијата закажано за 5. мај 2019 година. Огромниот интерес и се поголемиот број учесници во секое ново издание на маратонот ги мотивираше организаторите да направат пријавувањето да се одвива низ повеќемесечен период.

Како и во минатата година, пријавувањето во првите денови (21, 22 и 23 септември) ја носи можноста за избор на стартниот број од понудените за секоја категорија.

Учесниците што ќе се пријават до 31 март 2019 година добиваат маичка и стартен број со испечатено име на тркачот. Котизацијата на полумаратонот и маратонот изнесува од 900 денари до 1300 денари во зависност од периодот на пријавување.

Котизацијата пак за рекреативната трка на 5 километри е од 350 денари до 450 денари исто така во зависност од периодот на апликација.

Се вчитува...