Ова е шутот да победа на Црвена звезда: Бев сигурен… (ВИДЕО)

Црвена звезда ја оствари третата победа по ред во Евролигата откако вечерва со поените на Крис Џонс со звукот на сирената, со 84:82 славеше на гостувањето кај Асвел.

„Успеавме да се одбраниме, а јас бев сигурен дека по тајм-аутот ќе го имам шутот за победа доколку дојдеме во таква ситуација. Ова е тешка победа, но мило ми е што успеавме“, изјави Џонс по натпреварот.

Тој не го криеше воодушевување од начинот на кој Црвена звезда победи, со неговиот шут за победа во последната секунда.

„Ова е фантастично чувство. Остваривме тесна победа на гостински терен. Беше неверојатно“, додава Џонс.

 

 

Се вчитува...