Ова го има само на српското дерби: Масовен конфликт при пенал-рулетот, двојна круна за Црвена Звезда

Црвена Звезда по 14 години пауза ја освои двојната круна во српскиот фудбал откако по голема битка дури по подобро изведување на пеналите го совлада Партизан. Големото финале траеше 120 минути, а во него и покрај шансите на двете страни не се тресеа мрежите на Борјан и на Стојковиќ.

Страстите не делуваа премногу зовриени, а потоа сосема неочекувано дојде до голем инцидент – за време на пенал рулетот. Крстовиќ го погоди третиот пенал за Црвена Звезда, потоа влезе во вербален конфликт со голманот Стојковиќ, кој му ја залепи топката за лице. Крстовиќ падна како покосен, но целиот инцидент значеше и масовен конфликт меѓу фудбалерите на двата тима.

Овој момент ги исфрли од ритам „црно-белите“, кои ги промашија преостанатите два пенали, па втора година по ред во пенал-рулет во големото финале не успеаја да се закитат со куп-трофејот.

Се вчитува...