Ова го има само во Србија – Гобељиќ се соблече гол пред Стојковиќ како одговор на провокацијата пред мечот (ВИДЕО)

Црвена Звезда го освои Купот на Србија откако во финалето по пенали славеше над лутиот ривал Партизан. Сепак, како и на секое дерби фудбалот беше во втор план, бидејќи инцидентите се најинтересното нешто кога играат овие два тима.

Откако прво дојде до кошкање меѓу двата тима во текот на изведувањето на пеналите, по завршувањето Марко Гобељиќ се соблече гол пред голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ како одговор на изјавата на играчот на „црно-белите“ пред мечот во која вели дека доколку загубат тој може „јавно да биде силуван“.

 

Се вчитува...