Ова се патниците на Италија на Евробаскет

Италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко го објави финалниот список од 12 кошаркари кои ќе настапат за „аѕурите“ на претстојниот европски шампионат што ќе стартува на 1. септември.

Како лидер на оваа нова генерација се наметнува младиот Симоне Фонтекио, а тука ќе бидат и искусните Данило Галинари, Николо Мели и Луиџи Датоме.

СПИСОК НА ИТАЛИЈА: Симоне Фонтекио, Данило Галинари, Николо Мели, Луиџи Датоме, Николо Манион, Паул Билја, Стефано Тонут, Џампаоло Ричи, Томазо Балдасо, Акиле Полонара и Алесандро Пајола.

Италија на шампионатот се најде во групата Ц заедно со Естонија, Грција, Украина, Хрватска и Велика Британија.

Се вчитува...