Ова се седумте нови „вардарци“ (фото)

Вардар денеска стартуваше со подготовките за новата сезона, во која „црвено-црните“ ќе ја бранат двојната круна на домашната сцена, но и ќе атакуваат на што подобар пласман во Лигата на Шампионите.

Иван Чупиќ ќе има нов сериозен предизвик, да го состави тимот кој е значително променет во однос на лани, па така на денешниот прв собир присутни беа седумте нови засилувања на „вардарци“.

Најмногу ќе се очекува од францускиот бек Матео Фадуил, Хрватот Леон Љевар ќе ја има задачата да го замени Хорига во тимот, а за голови од десната страна задолжен ќе биде „бомбардерот“ од Египет, Мохаб Абделхак. Четвртото странско засилување на Вардар е српскиот голман Милан Бомаштар.

Покрај овој квартет странци, под договор со Вардар од летово се и младите домашни ракометари, Марко Ѓорчески, Бобан Поповски и Никола Нечовски.

Се вчитува...